речник контакт

Кој и зошто го уништува јаворот кај Маалска?

Дупката од внатрешноста е од сограѓани, кои го уништуваат дрвото

Петар Печков

Иако под заштита на општината и прогласен за споменик на природата, јаворот кај Маалска се уништува. Доказ за ова е големата дупка во внатрешноста, изгорениот дел, но и пишувањето на имиња на него. Жителите од тој дел на Велес, околу раскрсницата на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент Охридски,  бараат општинските власт да преземат мерки, да се застане на пат ова вандалство.

Подолго време некои несовесни сограѓани доаѓаат, земаат од срцевината и си одат. Им требала за нешто,  а не сакаат да  ги слушнат нашите реакции дека дрвото е заштитено. И еве од таа мала дупка до каде дојде. Затоа локалните власти нека преземат мерки да се сочува,да ен се случи некоја поголема беља – велат жителите од Маалска. Но тука не завршува несовесното однесување на луѓето. Бидејќи чешмата која работеше, сега е сува. Украдена е славината па сега на овие жеги, минувачите не можат да се освежат кога минат по оваа улица. Од локалната власт велат дека јаворот е заштитен  со закон и  затоа тие побарале мислење од експертите, за неговата состојба.

Се обративме уште во 2010-та година до Управата за животна средина, стручни екипи да дојдат и да извршат проценка на состојбата на јаворот. Тие требаше да дадат стручно мислење, по кое потоа ние би постапиле, за санирање и соодветно обезбедување. Но за жал и по толку време овие стручњаци не се дојдени – велат од Општина Велес. Затоа досега немаат преземено никакви дејствија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »